Четири години затвор за поранешниот директор на Геријатрија, Арифи, за поткуп од 20 илјади евра

На поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, кој беше обвинет дека побарал и примил поткуп од 20 илјади евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна од четири години.

Тој беше обвинет за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Вработениот во установата, Блерим Амити, пак доби затворска казна од една година и десет месеци.

Арифи и Амити во текот на судскиот процес изјавија дека не се чувствуваат виновни и ги негираа наводите од обвинението.

Според обвинението, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба во установата со која раководел. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што беше фатен на самото место од полицијата.

Против пресудата тие имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Бранителот на Арифи и Амити, адвокатот Скендер Мехмеди, по изрекувањето на казните изрази незадоволство од пресудата и најави дека ќе поднесе жалба до Апелација.

Судскиот процес го водеше судијката Ленка Давиткова, а обвинението го застапуваше обвинителката Искра Хаџи Василева. Против пресудата странките имаат право на жалба во законски предвидениот рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за Мухсин Арифи, директорот на Геријатрија за поткуп од 20.000 евра

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести