Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на прес-конференција побара Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) да поведат постапка за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која на Фејсбук објави видео со Трендафилов и неговите малолетни деца, како влегуваат во возило, за кое напиша дека било на Синдикатот.
Побара и од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска.
Тој рече дека целта на објавувањето на видеото била да тој биде оцрнет и да го уценувале, праша дали службите го следат него и неговите деца и побара апсење за лицата кои го следеле.
Најави дека за случајот ќе ги извести сите амбасади, Делегацијата на ЕУ и братските синдикати на Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународна организација на трудот (МОТ).
Ја најави и утрешната блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Истата ќе почне во 12 часот.
Синдикатот пред неколку денови го блокираше македонско Собрание, а блокадите се поради неисполнувањето на барањето на ССМ, минималната плата да биде зголемена на 600 евра, а сите останати плати за 6.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ денеска го блокираше Собранието, во четврток ќе ја блокира Стопанската комора, а потоа и Владата
Фото: Трендафилов/Фејсбук














