Лани собрани 470 милиони евра помалку во македонскиот Буџет

Минатата година буџетските приходи се за 470 милиони евра помалку од предвидените.

Државата планирала 5,9 милијарди евра, а собрала 5,4 милијарди евра.

Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, потфрлање има кај неданочните приходи. Според неа државни институции трошеле, ама не собирале пари.

Помалку наплата има и кај придонесите за пензиско осигурување, приходите од игри на среќа, како и од акцизите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести