Хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска се одржа вчера вечер во загрепското Докукино Киц.
Хрватската кино премиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт”, „Волим документарце” и македонскиот Културно-информативниот центар (КИЦ) во Загреб.
„Во преполната кино сала публиката имаше ексклузивна прилика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика.
Публиката беше суптилно и моќно освоена од древната легенда за Силјан штркот, оживеана во поетска, моќна и визуелно волшебна филмска приказна за идентитетот, корените и човештвото.
Свои обраќања пред проекцијата на филмот имаа раководителката на Доку кино КИЦ, Дина Покрајац и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која во своето обраќање изрази посебна благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер „Рестарт” и платформата Volim Dokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на најновото филмско остварување на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан”,“ се вели во соопштението на КИЦ.













