Прилепски Современ дом со зголемена добивка во првото полугодие

Современ дом АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварил вкупни приходи од 52.932 илјади денари, кои се зголемени за околу 2% во однос на истиот период во 2024 година, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Во овој период остварен е позитивен финански резултат во износ од 10.061 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година е зголемен за 25%.

Вкупните расходи изнесуваат 43.081 илјади денари и истите се намалени за околу 2% во однос на истиот период во 2024 година, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести