Од вчера по потпишувањето на свечената изјава во македонското Собрание, Трајко Славески од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и официјално е нов гувернер на Народната банка.
При потпишувањето на изјавата тој меѓудругото рече дека Банката ќе остане независна, а ги откри и своите приоритети – ниска и стабилна инфлација, односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата.
Рече дека нема да има девалвација на денарот – курсот нема да се менува во флексибелен, останува фиксен.
Меѓудругото кажа и дека реалниот девизен курс на денарот, кој го следел како професионален економист, е зајакнат и дека тоа се одразува на конкурентноста на економијата, па македонскиот извоз станал прескап за нашите трговски партнери и дека ќе преземе мерки во тој дел.
„Фиксниот девизен курс останува. Дај Боже во догледна иднина Република Македонија да стане членка на Европската унија и да го воведе еврото како национална валута“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 20 години искуство, Анита Ангеловска-Бежоска заминува од Народна банка
Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на Народната банка
Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка
Фото: НБ