Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен по сообраќајната несреќа со мотор, при што двајца малолетници се повредени, од кои еден потешко.
16-годишно момче и неговата 13-годишна сопатничка и се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза.
По изврешениот увид, по наредба на јавен убвинител, Јанчев е приведен под соменеие за две дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Полицијата претходно информираше дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М. (25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од Министерството за внатрешни работи.
Фото: Левица
 
				 
															


 
								







 
								



 
								 
															