Наместо да излезе, Нино Васев доби нови 30 притвор

Наместо да излезе од затворски и да оди во куќен притвор како што неодамна побара неговата одбрана, поранешниот директор на Клиниката за онкологија во Скопје, Нино Васев, кој е обвинет во два случаи познати како “Онкологија“ и „Онкологија 2“, доби нови 30 дена притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на Нино Васев бара затворскиот да биде заменет со куќен притвор

Неговата одбрана најави жалба на одлуката на Основниот кривичен суд Скопје до Апелацискиот суд Скопје.

На денешното рочиште за „Онкологија 2“ беа сослушани сведоци кои се поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката во периодот додека директори биле обвинетите Васев и поранешниот економски директор на Клиниката, Нехад Нухи.

Според одбраната на Васев, нивното сослушување било безпотребно и дека за злоупотреба на службена положба и за економски криминал компететнтни се вешти лица.

Двајцата се обвинети за несовесно работење и финансиски криминал.

Се наоѓаат во притвор во затворот Скопје, а и двајцата негираат вина.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумовска-Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска-Јакимовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони

Одобрено обвинението за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести