Обвинението за злоупотреба на службената положба и овластување против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој пред неколку денови беше реизбран за претседател на владејачката ЗНАМ е одбиено, информираа од Основниот суд Куманово, бидејќи јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, се откажал од истото, информираа од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ
Одлуката е донесена на 1. јули, неколку денови пред утрешните завршни зборови за овој предмет, кој е во судска постапка.
Обвинението Основно јавно обвинителство Куманово го поднесе во март лани, а истото се заснова на две кривични пријави поднесени од две локални фирми. Тие го пријавија Димитриевски дека не им издал градежна дозвола според важечки Детален урбанистички план, а со тоа, како што кажаа тие, им нанел штета од околу 55.000 евра.
Димитриевски, пак, тврдеше дека кривичните се неосновани и дека тогашната власт се обидувала да го дискредитира и девалвира во очите на јавноста пред последните претседателски избори, на кои тој беше кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриевски за повлекувањето на обвинението: Конечно правдата излезе на виделина
Максим Димитриевски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Куманово
Фото: Димитриевски/Фејсбук