Првите маркети Лидл ќе ги отвори кон средината на следната година?

Во завршна фаза е изградбата на логистичко дистрибутивниот центар на Лидл во Куманово, кој ќе биде регионален.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како изгледа логистичкиот центар на Лидл во Куманово, кој е во завршна фаза

Тој ќе биде најголемиот центар од ваков тип во Македонија, а истиот се протега на оперативна површина од 63 илјади метри квадратни или вкупно 170 илјади метри квадратни.

Се работи за инвестиција од 115 милиони евра.

Се уште нема официјална информација кога ќе се отвораат првите маркети на Лидл во Македонија, но од менаџментот на Лидл, вчера посочија дека логистичкиот дистрибутивен центар со првите испораки ќе започне во пролетта следната година, што може неофицијално да се протолкува и како старт на работа на повеќе маркети на Лидл во земјава, од кои дел се изградени, некои се во финална фаза, а некои допрва почнаа да се градат.

Стратегијата на Лидл е да отвори повеќе маркети истовремено кога влегува на некој пазар.

Како што веќе пишуваше еМагазин, Лидл ќе има повеќе маркети во Скопје, во Куманово, Битола, Штип, Струмица, Кичево, Кавадарци, Тетово, Охрид, Велес, Гевгелија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде се освен во Општина Аеродром ќе има Лидл во Скопје

(Галерија) Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести