Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска соопшти дека македонскиот бруто-домашен производ (БДП) во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани пораснал за 3%.
Според податоци на ДЗС, поголем раст е забележан во градежништво и стручни, научни и технички дејности, и во административни и помошни услужни дејности од 7,1%, како и во секторот информации и комуникации од 4,8%.
Увозот пораснал за 5,8%, а извозот за 1,2%.
Ова е трет квартал по ред како БДП расте.
Фото: Унсплеш