Во мај, годишната стапка на инфлација забрза и изнесува 3,3%. Ова во најголем дел се должи на растот на цените на прехранбената компонента, што следува по завршувањето на важноста на мерките за ограничување на растот на цените, информираат од Народна банка.
„Од друга страна, порастот на базичната компонента на инфлацијата на годишна основа значително забави, додека трендот на намалување на цените на енергентите се задржа и во мај. Досегашните остварувања кај инфлацијата се малку над очекувањата, што покажува одредени продолжени ефекти и потреба од претпазливост.
Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за следниот период се променети во надолна насока, но и покрај тоа неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите поради геополитичките тензии и климатските промени сѐ уште е високо изразена.
Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат и се поврзани со продолжената неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашни фактори коишто делуваат на побарувачката“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Состојбата на девизниот пазар е стабилна, велат од Народна банка
Инфлацијата пак расте, во мај 3,3%
Основната каматна стапка останува непроменета