„Одмазднички царини“ за САД од 93 милијарди евра планира Европската унија (ЕУ), ако до февруари САД не се предомисли за укинување на најавените нови повисоки царини за осум европски земји, членки на НАТО, воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, оти земјите застанаа на страната на Данска за Гренланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД воведе нови царини за осум европски земји, оти се на страната на Гренланд
Оваа како што пренесуваат светските агенции синоќа било договорено на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Ако до 6. февруари нема договор со Трамп, „одмазднички царини“ ќе стапат на сила.
На состанокот се разгледувала и опцијата за активирање на „инструментот против принуда“ кон САД, кој предвидува ограничување на увозот на стоки и услуги во ЕУ. Овој инструмент на ЕУ досега никогаш не бил користен.
САД најави царини од 1. февруари од 10% за Велика Британија, Германија, Данска, Норвешка, Финска, Франција, Холандија и Шведска, кои од 1. јуни би се зголемиле на 25%, ако не се постигне договор САД да го презеде Гренланд, кој е дел од Кралството Данска.
Најавата на Трамп го доведува во прашање и ратификувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кој беше постигнат лани во август со цел да се избегне меѓусебното воведување царини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германските војници го напуштија Гренланд
Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД
Како Гренланд стана дел од Данска
Фото: Игор Бансколиев













