Реформите, Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан – дел од темите на средбата на Мицкоски со Кос

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот Самит на Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан.
 
„На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.
 
Премиерот Мицкоски ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.
 
Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат,“ информираа од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Марта Кос пристигна во Македонија, денеска и утре во Скопје лидерска ЕУ-Западен Балкан

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести