Премиерот Христијан Мицкоски по престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври, најави реконструкција на Владата и смени во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-Веднаш после изборите ќе ги отвориме и вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите… Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на Владата секогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме.
А, ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење на промени и за прв пат после долго време, на градење на заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса каква генерации и генерации млади чекаа, рече тој меѓудругото.