Која e Рената Дескоска, која е избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија

Рената Дескоска, која моментално работи како професорка по уставно право, е избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија.

Оваа е првпат некој од Македонија да биде поставен на оваа функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рената Дескоска стана потпретседателка на Венецијанската Комисија, прва која доаѓа на ваква функција од Македонија и земја надвор од ЕУ

Која е Дескоска

Родена е во Скопје, на 3. мај 1972 година.

Основно и средно образование завршила во Скопје.

Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех од 9,55.

На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“.

Во октомври 2002 година докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на темата „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Македонија“ и станала доктор по правни науки.

По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година за доцент.

Во 2008 година била избрана за вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи.

Дескоска е автор на повеќе книги, делови од книги и други научни публикации.

Политичка кариера

Во 2014 година е избрана за пратеник во македонското Собрание.

Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршувала и функцијата потпретседател на Собранието.

Во септември 2015 година беше избрана за шеф на делегацијата на Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Беше и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија во март 2017 година, како и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија во април 2017 година.

Во јуни 2017 година стана министерка за образование и наука, како дел од владата на Зоран Заев, а во јуни 2018 година министерка за правда.

Приватно

Рената Дескоска е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Фото: Фејсбук/Дескоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести