Настел ДООЕЛ Скопје, која поседува над 5% од акциите во Реплек АД Скопје продолжува да продава акции на компанијата.
Од Реплек преку Македонската берза информираа дека компанијата продала нови 112 акции. Сега поседува вкупно 15.266 или 5,89% од вкупниот број на акции.
Акционерот во Реплек со исто така над 5% од акциите, Владимир Пецовски, пак се стекнал со шест нови акции. Сега поседува вкупно 16.561 или 6,39% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Настел продолжува да продава акции на Реплек














