Родителите на загинатите во пожарот во Кочани ги повикаа граѓаните да им се придружат на следниот марш, за да се борат за своите деца трагедијата да не се повтори

Родителите на загинатите во пожарот во Кочани и денеска одржаа „Марш на ангелите“, на кој упатија порака дека чекаат одговори и правда. За разлика од претходните маршеви кои беа тивки, овој пат родителите исвиркуваа и го изразуваа својот гнев кон институциите за задоцнетите реакции.

Татко кој го изгубил синот единец во пожарот, ги повика сите жители на Кочани и од другите градови да им се придружат на следниот марш наредната недела. Посочи дека се бори за другите деца, за трагедијата да не се повтори, бидејќи тој останал без ништо.

„Немојте да се плашете, не се плашете од смртта, страшен е животот, овој кој го живееме. Како ќе живееме ние сега? 62 деца отидоа, моето дете отиде. Прашајте како живееме ние. Затоа кажувајте сите, да го преплавиме градот“, рече тој.

Фото: Архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести