Родителите влетале на терен за да ги заштитат своите деца, велат од „Шкупи“ за инцидентот во кој беа тепани фудбалери пионер на „Брегалница“

Со реакција за вчерашниот инцидент во Штип, во кој во рамки на Републичкото пионерско коло, татко на играч од фудбалскиот клуб „Шкупи“, откако неговиот син доби црвен картон, влета на терен и натепа двајца играчи на “Брегалница“ на возраст од 15 години, се огласија и од „Шкендија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Повредени две деца: Родител на дете од „Шкупи“ натепа фудбалери пионери на „Брегалница“ во Штип

Во соопштение објавено на нивната Фејсбук група потпишано со инцијали на кординаторот на фудбалското школо од таму најпрво изразуваат длабока загриженост од “клеветите и неточните прикажувања“ на медиуми во врска со информации за нивниот клуб, “а пред сè во врска со нашите деца“.

-Најпрво, изразуваме жалење за она што се случи на натпреварот во Штип и категорично ја осудуваме секоја форма на насилство. Фудбалот нема и не смее да има место за насилство. Насилството е надвор од спортот.

Нашиот клуб со години е посветен на спортското и општественото воспитување на децата. Во соработка со тренерите и родителите, организираме предавања речиси секој месец за фер-плеј, почит и коректност – основни принципи за правилен развој на нашите деца, стои во соопштението.

Во истото се посочува дека било важно да се разбере дека интервенцијата на родителите се случила единствено со цел да ги заштитат своите деца и да спречат ескалација на ситуацијата и дека не постоела никаква друга позадина.

-Со ФК Брегалница имаме многу добри односи и се надеваме дека ваков инцидент никогаш нема да се повтори. Ќе работиме уште повеќе за да не доаѓа до вакви ситуации, особено во младинските категории, каде што фудбалот треба да остане само игра и радост за децата.

Фудбалот нè обединува – не нè дели.

Во својство на координатор на фудбалската школа, сакам исто така да потенцирам дека и нашиот стручен кадар треба да биде сослушан и земен предвид во вакви ситуации. Овие деца се нечии синови, деца на родители кои со многу жртви ги носат секојдневно на тренинзи и натпревари. Никој нема право да гази врз нив или да создава неправедна слика за нив.

Ние ќе продолжиме со посветеност да работиме на тоа да им овозможиме на децата здрав спортски и воспитен развој, секогаш во духот на почит, коректност и љубов кон фудбалот, стои во истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на татко кој влета на фудбалскиот натпревар во Штип со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со фудбалер на “Брегалница“: Детали од Обвинителството

Во друго соопштение од клубот истиот целосно се оградува од инцидентот.

-Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации, туку терен каде се судираат таленти, тактики…

Како клуб со долга традиција и историја во Македонија, Шкупи апелира оваа ситуација да се надмине и вакви инциденти да не се повторат во иднина. Духот на фер-плеј и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над сè друго.

Истовремено, апелираме до сите надлежни органи да преземат неопходни дејства врз основа на материјали и факти, со што сите лица вклучени во овој инцидент да се соочат со законот и да одговараат.

Шкупи останува посветен на негувањето на спортскиот дух, почит и здрави вредности кои фудбалот треба да ги претставува, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаше ли организациски пропуст на натпреварот „Брегалница„ – „Шкупи“ на кој беа натепани двајца фудбалери пионери

Какви повреди имаат фудбалерите пионери кои ги натепа татко на играч од „Шкупи“ на натпреварот со „Брегалница“

Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Фото: ФК Шкупи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести