САД како и што најавуваше подолго време и официјално излезе од Светската здравствена организација (СЗО).
Според администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, СЗО барала „неправедно тешки плаќања“ од САД, кои биле непропорционални на износите обезбедени од други, поголеми земји, како што е Кина.
САД го критикуваше и начинот на кој СЗО се справи со пандемијата на Ковид-19 и обвини дека СЗО не дејствувала независно од „непотребното политичко влијание од земјите-членки на СЗО“.
Од СЗО по одлуката на САД изразија жалење и посочија дека се надеваат оти Вашингтон ќе се врати во организацијата во иднина.
Од таму велат и дека стојат зад својот одговор на „невидената глобална здравствена криза“ предизвикана од пандемијата, додавајќи дека „системите што ги развивме и управувавме пред, за време и по вонредната фаза на пандемијата, работејќи 24/7, придонесоа за безбедноста на сите земји, вклучително и на САД“.
Фото: Унсплеш














