Под слоганот „Светот во страници“, во рамките на „Бит фест 2025“, беше отворен Саем на книга, под платото на Народниот театар во Битола. Седум учесници, со свои штандови и различна литература, ќе го доближат пишаниот збор до секоја генерација, преку ликовите за најмладите, до литература која ги задоволува вкусовите на најприбирливите читатели.
Сосопствен штанд со книги е застапена и НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, аFoto/Opstina Bitola меѓу излагачите се и „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“ и „Збор“.

„Вечерва со отворањето на овој Саем на книги, битолската ризница на научната мисла и пишаниот збор НУУБ „Свети Климент Охридски“, активно работи на доближување на пишаното богатство, до сите наши сограѓани, а
пред се до нашите најмлади, кај кои мораме сите заедно да ја поттикнуваме љубопитноста, а со тоа да ги поттикнуваме да читаат, зошто нели и нивниот омилен херој – Спајдермен – чита,“ рече градоначалникот Тони Коњановски.

Битола е град со голема културна историја, а многу битолчани се веќе докажани читатели, зошто книгата е нашата најмоќна врска со минатото, со сегашноста, но и со визијата за иднината. Саемот на книги ќе биде отворен за сите посетители до 1. август, кои по саемски цени можат да ги набават своите омилени дела.

Фото: Општина Битола