Сашка Кузманова прави перики за повредените во пожарот во Кочани

Кога човек сака да помогне секогаш има начин. Сашка Кузманова од Кавадарци која хуманитарно прави перики од природно влакно за онколошки пациенти, за Факултети вели дека моментално прави перики за повредени во пожарот во Кочани.

– Моментално изработувам осум перики, од кои седум се за девојчиња што настрадаа во пожарот во Кочани и за една млада мајка, онколошки пациент. Периките се скоро готови. Потоа почнувам со нови дела за нашите онколошки пациенти, вели таа.

Секој онколошки пациент слободно може да ја исконтактира на нејзиниот Фејсбук-профил.

– Периките ги давам според список, доколку имам перика во моментот и одговара, ја нудам таа. Доколку не, си ги запишувам, кога ќе дојде ред за нив, се договараме за време и ден за земање мерки, кажувам временски период од-до и моментот за добивање на периката.

На луѓето што донираат коса би им кажала едно огромно благодарам. Засега имам доволно, па секој што сака да донира може да ја причува и да ме исконтактираат кон крајот на август. Во моментот најголема поддршка имам од граѓаните.

Но, тоа не е доволно, затоа ги поканувам јавно сите фирми/компании што сакаат да подадат рака, да се вклучат во оваа хумана работа и заедно да насмевнеме многу пациенти. За некого можеби тоа е малку, но верувајте дека за некого значи премногу, вели таа за Факултети.

Фото: Кузмановска/Фејсбук/Факултети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести