Опозициската СДСМ која неодамна најави дека ќе започне со објавување на „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта, објави дека семејна фирма на директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, добила 5,3 милиони евра преку тендери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според СДСМ станува збор за фирма која добила 161 тендер, која првично се викала „Сити логистик“, а потоа го сменила името во „Сити аутсорсинг“.
Партијата ја повика и Антикорупциската комисија да покрене истрага за конфликт на интерес и корупција во врвот на Владата, а објави и дека Томовски бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој пак негира било каква поврзаност со фирмата и најави дека ќе ја тужи СДСМ за клевета.
Реагираа и од „Сити аутсорсинг“, од каде велат дека немаат никаква поврзаност со Томовски.
Фото: Томовски/Фејсбук













