Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција бил сослушан судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, кој е осомничен во истрагата која ја води оваа Обвинителство, информираа од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
350.000 евра најдени во домот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, биле скриени во ѕид
Како што е познато во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа пронајдени 350 илјади евра.
Од Обвинителството велат дека на Ристов му биле предочени прибраните докази врз основа на кои се темели “основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар“.
Обвинителството за него бара куќен притвор и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Ѓоко Ристов ќе да оди во притвор: Кривичен чека одговор од Судскиот совет
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид














