Се додека не бидам осуден, не сум виновен, вели министерот Салиу, кој е обвинет за трагедијата во Кочани

Шабан Салиу, министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, кој е еден од обвинетите за трагедијата во Кочани, денеска не одговори на новинарско прашање дали планира да поднесе оставка од морални причини.

Тој рече дека додека не бил осуден, не бил виновен.

-Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Постои општа презумција на невиност. Се додека не бидам осуден, не сум виновен. Да оставиме судовите да ја водат постапката, рече тој.

Минатиот месец пак Салиу рече дека не чувствува вина за пожарот во т.н. дискотека во Кочани во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Тој е обвинет во случајот како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување. На таа функција беше од 2008 до 2017 година. Извесен период за случајот беше и во затворски притвор, а беше пуштен кон крајот на мај и доби мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Шабан Салиу не чувствува никаква вина за трагедијата во Кочани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести