Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе ги примени препораките од Државниот завод за ревизија за олеснување на лекувањето во странство.
„Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислења на првостепената комисија, со што се скратува процесот и обезбедува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена. Се брише склучување на договори со странски болници поради неприменливост,“ информираат од ФЗОМ.
Во 2024 г. се одобрени 273 лекувања во странство, за вкупно 488 милиони денари или околу 1,8 милиони денари по лекување.
Во првото полугодие од 173 барања се одобрени 154 барања за 239 милиони денари.
Фото: Unsplash