Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Компанијата Лидл информира дека на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра.

„Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е организирана од Лидл, ниту има каква било поврзаност со нашата компанија.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непроверени линкови, со цел да се заштитат од можни злоупотреби.

Сите официјални информации за наградни игри, промоции и активности, компанијата, кога ќе почне со работа со маркети во Северна Македонија, ќе ги објавува исклучиво преку официјална интернет-страница и преку официјалните канали на социјалните мрежи за што јавноста ќе биде навремено известена,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести