Се уште не е најдено телото на 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив, Бугарија, кој нуркајќи во Охридското Езеро исчезна на 9. август.
Како што е познато исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во Езерото во близина на селото Трпејца.
Бил со локален пријател, кој го пријавил неговото исчезнување.
Танчев го бараат Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се уште се трага по нуркачот од Бугарија кој исчезна во Охридското Езеро, познат неговиот идентитет
Од вчера се бара 52-годишен нуркач од Бугарија кој исчезна во Охридско Езеро
Фото: Фејсбук/Танчев