Се уште не е одобрено обвинението за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство на 13. јуни поднесе обвинение за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Истото, кое е на 160 страници, се уште не е одобрено од Основниот кривичен суд Скопје.

Радио Слободна Европа, неофицијално објави дека причината е дека 39 адвокати на 34. обвинети поднеле приговори, а Судот се уште чекал да помине и рокот од 8 денови за некој од нив да не испрати приговор по пошта.

Официјално од Кривичниот суд Скопје за РСЕ пак велат дека се уште течат роковите за жалби.

За трагедијата во Кочани се обвинети 34 лица и три фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде во Скопје

Се додека не бидам осуден, не сум виновен, вели министерот Салиу, кој е обвинет за трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести