Секој студент до 29 години ќе добие по 250 евра за набавка на електронски уред

Во македонското Собрание денеска беше изгласана мерката од Законот за издавање вредносни ваучери, со која секој студент до 29 години ќе добие по 250 евра или по 15.300 денари за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер.

За истата гласаа 84 пратеници.

За оваа намена од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари, и со мерката ќе бидат опфатени 55 илјади студенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести