Септемвриската програма во Кинотека на Македонија ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност, најавуваат од таму.
„Септември е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот.
Посебно место во програмата ќе имаат и македонските краткометражни филмови, кои на најдобар начин ја претставуваат енергијата и креативноста на неколку генерации автори. Кратката форма ќе биде претставена преку избор на значајни остварувања, кои ги истражуваат интимните приказни, урбаните пејзажи и социјалните предизвици. Овие проекции се можност публиката да се сретне со зрели авторски визии, а истовремено и да ја почувствува пулсацијата на современиот македонски филм.
Со оваа програма, Кинотеката ја претвора септемвриската филмска сцена во мост меѓу светската класика и македонското авторско творештво. Публиката ќе има ретка можност да ги доживее најсветлите моменти на филмската историја и истовремено да се потсети на значењето на македонскиот филм како органски дел од европската културна мапа,“ велат од Кинотека.
Целосната програма ОВДЕ.
Фото: Unsplash