Шабан Салиу, кој е обвинет за пожарот во Кочани, објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Шабан Салиу, кој моментално е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, а е и претседател на партијата Демократски сили на Ромите, објави кандидатура за градоначалник на скопската општина Шуто Оризари.

Како што е познато тој е еден од обвинетите за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Стана еден од обвинетите како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување. На таа позиција беше од 2008 до 2017 година.

Како осомничен беше уапсен кон средината на април, по што извесно време помина во затворски притвор.

Беше пуштен од притвор кон крајот на мај, и доби мерки на претпазливост.

Во неколку наврати, одговарајќи на новинарско прашање дали од морални причини ќе поднесе оставка и дали чувствува вина за случајот со пожарот, изјави дека не се чувствува никаква одговорност и вина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Шабан Салиу не чувствува никаква вина за трагедијата во Кочани

Се додека не бидам осуден, не сум виновен, вели министерот Салиу, кој е обвинет за трагедијата во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести