(Галерија) Шарената џамија во Тетово – најуникатна во регионов

Шарената џамија во Тетово е најуникатната џамија во Македонија и регионот и е еден од најпрепознатливите симболи на градот.

Важи за една од најубавите градби на исламската култура на Балканот.

Се наоѓа во близина на центарот на градот, на десниот брег на реката Пена.

Нејзиното првично име било Алаџа (басма, шарен памук), а во XIX век го добива името Пашина џамија, по својот обновувач Абдурахман Паша.

Она што ја прави уникатна е нејзиниот богат живопис кој претставува едно од најголемите уметнички украсни достигнувања од османлискиот период во Македонија.

Според преданието, за да се заштити живоста на боите што се користеле во декорирањето, биле употребени 30.000 белки од јајца.

Џамијата била изградена во 15. век година под ктиторство на сестрите Хуршиде и Менсуре Хатун, кои се доселиле во Тетово од Анадолија. Многу веројатно е дека првата џамија врз чии темели е изградена денешната Шарена џамија била уништена на крајот од 17. век за време на пробивот на австриската армија во овој регион.

Во 2017 година со одлука на Владата Шарената џамија е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Шарената џамија е дел од Тетовското муфтиство на Исламската верска заедница (ИВЗ) и таа е активна џамија во која се одржуваат молитвени собири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести