Пластичните шишиња во Вардар пловат поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, велат од МЖСПП

Снимката на која се гледа како илјадници пластични шишиња пловат по Вардар, направена кај тетовското село Копанце, предизвика бура од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Илјадници пластични шишиња пловат по Вардар

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека причините за ваквата состојба во реката и помалите водотеци е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини.

Во овие подрачја било евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби, велат од таму.

-Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.

Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови, велат од таму.

Фото: Фејсбук/Село Копанце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести