Штекли се брани со шизофренија, четворица од неговата група признаа вина

Денешното судење против Раде Трајковски Штекли беше повторно одложено, бидејќи двајца психијатри дале различна дијагноза за неговата псхичка состојба.

Според психијатарот кој го ангажирала одбрана на Штекли, Ѓорге Хаџи Ангеловски, тој имал халуцинации, нарушено доживување на телото и на органите и шизофренија како психотично растројство и тој смета дека Трајковски треба да се лечи во психијатриска болница.

Според Оливера Суботин Поповска од Психијатриската болница во Бардовци, која е пак ангажирана како вештак од страна на Јавното обвинителство, тој може да го следи судењето, расудува и е пресметлив.

На следното рочиште на 3. септември двајцата психијатри треба да ги образложат своите дијагнози, а ако ни едно вештачење не се прифати, ќе се прави ново.

Четворица обвинети пак од неговата група на денешното рочиште признаа вина. Се работи за Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков и за нив Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран

Обвинение за Штекли и неговата група за продажба на кокаин и марихуана

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести