Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова имаше обраќање на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во дел од својот говор се осврна и на состојбата на Блискиот Исток и Газа, Палестина.
-Блискиот Исток има древна и богата традиција на меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Историјата покажа дека различноста кога се почитува, може да биде извор на културно збогатување и долгорочен мир. Но, исто така, историјата учи дека насилството, без оглед на неговото потекло, ги продлабочува поделбите, го продолжува човечкото страдање и ги оддалечува страните од праведно и сеопфатно решение.
Убедени сме дека одржливиот мир на Блискиот Исток мора да се постигне единствено преку дијалог и дипломатија, во согласност со меѓународното право.
Непрокосновеноста на човечкиот живот и достоинство мора да се почитуваат, дури и за време на војна, во согласност со меѓународното хуманитарно право. Во тој дух, ја реафирмираме нашата поддршка на меѓународните напори насочени кон деескалација, инклузивен дијалог и директни преговори, кажа таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија засега нема да ја признае Палестина
ОН потврди дека има глад во Газа, Израел се уште не го видел
Фото: Кабинет на претседателката