Што ќе кажат акционерите, УО и вработените дадоа амин за продажба на Стопанска банка Битола

Управниот одбор (УО) на Стопанска банка АД Битола и вработените во Банката позитивно ја отценија понудата за преземање на Банката од страна на српската Алта банка АД Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За УО на Стопанска банка Битола понудата за преземање од страна на Алта банка е добра

И од УО и вработените во Стопанска банка Битола сметаат дека продажбата ќе ја зајакне нејзината пазарна позиција, очекуваат задржување на вработените, и зголемување на нивниот број, дека продажбата ќе има позитивен ефект врз нејзиното работење, како и дека Банката ќе се модернизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што мислат вработените во Стопанска банка Битола за понудата за преземање од страна на Алта банка

Вработените преку синдикатите во Банката исто така бараат и Алта банка да достави план за преземање на вработените.

И минатата година кога Комерцијална банка АД Скопје сакаше да ја преземе Стопанска банка Битола, УО даде позитивно мислење, но на крај акционерите на Стопанска банка Битола не дадоа амин за таа понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите 10. акционери во Стопанска банка Битола, од кои зависи дали банката ќе биде купена од Алта банка

Така да и сега се ќе зависи од акционерите на Стопанска банка Битола од кои засега нема став за понудата за преземање.

Најголем акционер во Стопанска банка Битола е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,99% од акциите на Стопанска банка Битола.

Помеѓу поголемите акционери се и Тони Јосифовски, Алта Груп (во чија сопственост е Алта банка), Орка холдинг АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје…

Како што веќе пишуваше еМагазин, Алта банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола. Таа од претходно веќе заедно со поврзани лица (Алта груп) поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.

За акција нуди 3.777 денари.

Понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола

Како работела Стопанска Банка Битола во првото полугодие

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести