Зад затворени врати членките на Европската унија (ЕУ) кои го подржуваат проширување се малцинство, кажа денеска во Скопје унгарскиот министер за надворешна работи и трговија, Петер Сијарто на заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.
Тој посочи дека Бугарија не е единствената пречка на македонскиот пат кон членство во ЕУ.
-Бугарија навистина отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но Вие не чекате заради тоа 20 години во редот, заради тоа што Бугарите се спротивставуваат.
Не лутете се, но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е многу потешка. Во овој момент оние државите-членки во ЕУ коишто го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство, рече Сијарто, кој подвлече дека неговата земја кога претседавала со ЕУ вложила силни напори да се забрза процесот за земјите од Западен Балкан, но како што рече постојано налетувале на ѕидови градени од оние држави кои отворено го поддржуваат процесот на проширување.
-Ние искрено го поддржуваме Западен Балкан, и затоа сме во малцинство во ЕУ затоа што не треба да се залажуваме дека поголем дел од државите-членки кога доаѓаат кај вас, вака јавно Ви зборуваат со убави зборови колку многу го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во Еврпската Унија.
Но, кога остануваме сами зад затворени врати, ние 27 земји-членки, тогаш мнозинството веднаш почнува да зборува за тоа зошто не би можела ЕУ да се проширува кон Западен Балкан. Но, нормално и во иднина тоа ќе го демантираат и во иднина ќе зборуваат многу убаво, но доколку сериозно мислат, не мислите ли дека 20 години треба да се чека на зачленувањето, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија
Фото: МНР