Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија, вчеравечер таму имала разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Во изјава за телевизијата ТВ 21, таа вели оти разговорот бил пријатен, пријателски и протоколарен.
„Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање без посредување, за потребата да се почитуваме, да го следиме духот на двата народи, да си помагаме и за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ“, вели таа и додава оти верува во потребата за пријателство и дека верува дека тоа ќе се случи и дека е нешто што е неминовно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сиљановска Давкова на маса со Зеленски на приемот кај кралот и кралицата на Холандија
Денеска во Хаг почнува Самитот на НАТО, кој ја преставува Македонија?
Фото: Кабинет на претседателката