Синдикалната кошница за јули изнесува 65.328 денари: За три месеци храната поскапела за 2.202 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за домаќинство за јули изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос на јуни, кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, кошницата изнесува 80.703 денари.

„Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти,  додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти,“ се вели во соопштението.

Вредноста на СМК за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи, за јули изнесува 23.682 денари и споредено со јуни (23.167 денари) е зголемена за 515 денари. 

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести