Синот на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, Лавдрим, ќе играл на два пријателски натпревари против Ирска како дел од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години.
Лавдрим Касами игра за тетовскиот фудбалски клуб Шкендија, а информацијата на Фејсбук ја соопшти татко му.
Касами на престојните локални избори на 19. октомври ќе трча за втор мандат како кандидат на владејачката коалиција Вреди.
Фото: Фејсбук/Касами