Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш

Синот на бизнисменот Светозар Јаневски, кој е претседател на Управниот одбор (УО) на Тиквеш АД Кавадарци, Јане Јаневски откако беше избран за член на Надзорниот одбор (НО) на винарската визба, излезе од УО.

Од Тиквеш преку Македонската берза информираа дека измената е направена и во Централниот регистар.

Освен Јане Јаневски, како што објави еМагазин, нов член на НО е и адвокатот Кристијан Поленак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш

Друг член на НО е независниот член – Руди Лазаревски.

Фото: Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести