Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации, порача премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, на одбележувањето на 11 Октомври.
„Мора да работиме за остварување на нашите стратешки цели. Ако тие ги релативизираме или се откажеме од нив, тогаш остануваме без цел и без сонот на генерации Македонци што го имаа при прогласувањето на независноста. А сонот тогаш и денес беше да станеме интегриран дел од семејството на Европската Унија.
Патот до таму знам дека е полн со нечесни удари, откажувања и игри, но ние имаме опција – или да се откажеме и да плачеме над својата судбина, или да се бориме и на крајот да победиме. Во тој контекст, и битката на илинденците и партизаните која била апсолутно слична. Тие можеле да се откажат и да имаат и подобар, или можеби еднократно поудобен живот, но знаеле за што се работи и дека, впрочем, секоја генерација го презема товарот на следната и дека мора да се борат.
И денес, кога работите се неправедни и тешки, кога има такви од опозицијата што заговараат да се откажеме од преговори,“ рече меѓудругото Мицкоски.
Осврнувајќи се на патот кон ЕУ, тој ги потенцираше пречките од нашиот источен сосед и т.н. францускиот предлог.
„Нашата огромна пречка на патот кон ЕУ е прашањето со наш источен сосед и т.н. францускиот предлог што претходната влада сама го прифати. Сега тоа е пречката што мора да се премости. Но да не заборавиме и на едно огромно лицемерие што се гледа во тоа што истите што нè убедуваа дека нема подобар од тој предлог и дека идентитетот се штити, сега се обидуваат преку политички маневар да цртаат некакви црвени линии што треба да нè заштитат од предлогот што игнорантски, себично самите го прифатија без да ја прашаат тогашната опозиција и граѓаните.
Да не навлегувам пак во моментот во скриените мотиви за вакви прашања да се отвораат во овој момент и историјата на отстапки кон нашиот источен сосед, за која сум убеден дека времето ќе ми потврди согласно досегашното искуство на актерите.
Главниот страв и грижа кај граѓаните е околу клучното прашање – дали ќе биде ова последната отстапка и дали со прифаќањето на овој предлог ќе се заврши со серијата отстапки што во континуитет се прават на штета на националните и државните интереси.
И овој народ, посебно македонскиот народ има право да биде загрижен затоа што од пред од 25 години кога почнавме да го одиме кон полноправно членство во ЕУ отстапките се секогаш на грбот на македонскиот народ и Македонија како држава, а од друга страна пак никој нема право да очекува дека оваа Влада којашто јас ја предводам ќе го прифати т.н. француски предлог со отворени раце и дека без било каква испорака од страна на нашиот источен сосед и ЕУ ние тоа ќе го испорачаме. Тоа нема да се случи,“ додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска го чествуваме 11 Октомври-кое е огромното значење на ова востание
Фото/Влада