Скопје ќе биде центар на боречките спортови на 14 септември – АРММАДА 14

На 14 септември, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи АРММАДА 14 – најголемиот ММА спектакл во Македонија по една деценија. Македонската публика за првпат ќе има можност да ужива во врвна боречка програма со елитни домашни и европски натпреварувачи.

Во рамките на боречка карта ќе настапат:

  • Даниела Алексовска (Македонија) ќе се бори против Флоцеа Алида (Молдавија) во категорија -52кг
  • Марко Трајановски (Македонија) ќе се бори против Петар Кликовац (Црна Гора) во категорија -84кг
  • Никола Градинац (Србија) ќе се бори против Ѓорѓи Квелидзе (Грузија) во категорија -84кг
  • Андреј Стојановски (Македонија) ќе се бори против Василе Тичан (Молдавија) во категорија -61кг
  • Огњен Миќовиќ (Србија) ќе се бори против Андреас Христу (Кипар) во категорија -77кг
  • Костадин Георгиевски (Македонија) ќе се бори против Раде Новаковиќ (Србија) во категорија -93кг
  • Марко Смиљиќ (Србија) ќе се бори против Иван Сакиќ (Босна и Херцеговина) во категорија -84кг
  • Никола Димовски (Црна Гора) ќе се бори против Вилчу Лусиан (Германија) во категорија -73кг.

Најголемото внимание е насочено кон нашите европски Прваци, Даниела Алексовска и Марко Трајановски кои за првпат ќе се натпреваруваат пред домашна публика.

Билетите за „АРММАДА 14“ се веќе достапни преку ticketx.com.mk. Бројот на места е ограничен, а интересот е огромен, не пропуштајте ја шансата да бидете дел од највозбудливата спортска вечер годинава.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести