Смени во Одборот на директори на Кроациа осигурување Скопје

Од Кроациа осигурување – Друштво за осигурување на живот Скопје преку Македонската берза информираа дека од Одборот на директори (ОД) на негово барање се повлекува неизвршниот член Марио Батарило.

На негово место е именуван Љубиша Вељковиќ, кој ќе има мандат од четири години.

Во ОД се и Бобан Томески, извршен член, Иван Залар, неизвршен член и Владимир Стефановски, независен неизвршен член.

Од Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување, пак информираа дека Вељковиќ е избран за неизвршен член на ОД, а во Одборот се и Роберт Вучковиќ, неизвршен член и претседател, Габриела Кулебанова, независен неизвршен член и Александар Манев, извршен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести