Со денови гори на Јасен: Седум активни пожари денеска во Македонија

До 13 часот денеска во Македонија има седум активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, каде гори мешана шума, во Општина Струга во селото Подгорци, каде гори нискостеблеста шума, во Општина Долнени во селото Лажани, каде гори ниска вегетација, во Општина Прилеп во селото Беловодица во место викано Ливада и селото Лењиште, каде гори букова шума, во Општина Боговиње во селото Оловјане, каде гори ниска вегетација, во Општина Студеничани во селото Батинци, каде гори ниска вегетација и ѓубре и во Општина Студеничани во селото Горно Количани на планинскиот врв Китка, каде гори мешана шума.

Изгаснати се четири пожари.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести