Известувач од Сараево за еМагазин.мк, Силвана Жежова
Прва конференција посветена на балансот во животот се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина на 22 мај. Врвни светски, регионални и домашни предавачи говореа како да се остане здрав и балансиран во едено брзо време на живеење, кога приватните и професионалните обврски му натежнуваат на современиот човек, па тој го губи тлото под нозете, како што беше и името на еден од панелите.
Во Swissotel се раскажаа инспиративни приказни кои ги мотивираа слушателите да си го пронајдат и сочуваат својот сопствен баланс, како да ги победат животните предизвици преку промената на навиките и начинот на размислување.
„Се изгубивме во брзината и времето, се обидуваме да најдеме баланс помеѓу доволно одмор и доволно работа. Работејќи и обидувајќи се да ги постигнеме целите кои сме си ги поставиле во животот, заборвивме како да го користиме слободното време, кое многу влијае врз луѓето. Го поминуваме на социјални мрежи и читајќи вести, што ни причинува уште повеќе страв стрес,“ изјави на отворањето Ејуб Кучук, директор на Мита груп, кои беа организатори на конференцијата.
Се може да се контролира, освен траумата која доаѓа како земјотрес
Едно од најинспиратовните предавања на конференцијата го имаше Марија Синановиќ која е основач на едукативниот центар Yellow Brick, HR консултант и едукатор.
Таа се обиде да даде одговор на прашањето, што кога ќе го изгубиме тлото под нозете, потенцирајќи дека се наоѓаме во една глобална пандемија на стрес од која сите се разболевме. Кога ќе се препознае, секој треба ефикасно да се бори.

„Младите не се повеќе безгрижни како порано, преку 60% на возраст од 18 до 23 години се под сериозен стрес, секој втор над 40 години и секој трет над 50 години. Грција е најстресна држава за живот, а Токио е прогласен за најстресен град на планетата. Технологијата која ни наметнува лајфстајл, придонесе и шест годишни деца да бидат анксиозни. Така што без разлика каде живеете и колку години имате, не можете да побегнете од стресот. Стресот започнал и со првиот човек на планетета, кој бил програмиран и природно да дава автоматизирани одговори на надворешните закани,“изјави Синановиќ.
Таа додаде дека стресот не е само чувство туку и биолошки механизам. Жлездата мигдала која се наоѓа во мозокот го вклучува алармот, се лачи кортизол кој оди низ цело тело преку крвта во мускулите, дишењето е брзо и плитко, зостанува варењето.
„Но денешниот човек не е како првиот, кој бил под надворешни закани. Стресот денес е ментален, и потекнува од измислени причини. Додека задржувате измислени опасности за случувања во иднината, кои се само хипотетички кортизолот се лачи и тоа со години, со што се создава акумулиран стрес. Нема физички напад, но се покренуваат стресни одговори на когнитивно генерирани закани. Кога мозокот си игра, емоциите прифаќаат. Од тука причините за стресот кај денешниот човек се ментални и емотивни,“додаде Синановиќ.

Таа додаде дека стресот ни постана лајфстајл, па и уште го носиме како орден и се фалиме со него.
„Перфекционизмот е одговор на стресот, го подразбираме кога сме сериозни во бизнисот, кога сме робови, и на тоа се фалиме. Но нашата човечка природна не е стресот, грижата, паниката туку среќата и задоволството. Затоа е потребно да се вратиме на природната состојба,“додаде таа.
„Траумата е надворешен интензивен стрес, за која никогаш не можеш да се подготвиш и да бидеш спремен. Во нејзината природа е да не изненади, да биде интензивна и да не смачка во одреден момент. Тоа се ситуации кои човек се соочува со одредена дијагноза, развод, смрт на близок, сообраќајна несреќа.
Траумата има сила да го обележи нашиот живот. Не може да се помине соло, потребна е поддршка. Добрата работа е што како луѓе сите ја делиме и невозможно е да се избегне. Во животот се случуваат 6-7 трауми кои ни го вртат светот наопаку. Исто така не мора лично да ни се случи за да има ефект.
Траумите се овде да не променат, како да го прифатиме неприфатливото, како да го осмислиме бесмисленото. Треба да се прифати тоа што ќе се случи. Со лутење кон луѓето и кон Бога, не се хендла траума. Потребно е да се прифати на ефикасен и конструктивен начин и да се реосмисли животот.Траумата не се бира, се случува и те менува. При средбата со траумата, шокирај го светот со добрината,“ советува Синановиќ.
Опсесијата, Синановиќ ја дефинираше како чин на мисли и емоции кои полека доаѓаат и го обземаат човекот.
„Тоа не е случување, тоа се мисли. Мисла која ја вртиш со денови. Имагинација полоша од реалноста. Постои колективна опсесија како што беше ковид-пандемијата, па војната во Украина, луѓето се губат немоќни нешто да променат. Кога има опсесија неопходно е да се покрене акција, бидејќи ќе се случи цивилизација на спржени умови. Ќе се нема сила да се делува кога опсесијата ќе си дојде по свое,“ додава таа.
Синановиќ обрна внимание и на т.н секојдневни пречки кои се надворешни ситни стресови како што се сообраќајот, буката, ред во банка, секојдневни мали работи кои како поединечни немаат ефект и значење, но како здружени може да ве сомелат.
„Додека живееме во градовите имаме предизвик да имаме смиремние на монах. Не е лесно да се соочиме со нив но е неопходно. Буката доаѓа од роеви мисли кои поминуваат во главата а некои и се задржуваат.
Човек кој цел ден гледа во бел ѕид има 20.000 мисли дневно, а замислете со сите случувања и брзината на живот. Тоа е кошница, депонија, камони ѓубре, бука на опседнатост со негативни мисли и предрасуди. Повторувачки образец,“ вели Синановиќ.
Она што е многу честа појава кај современиот човек е „брн аут“ или прегорување во секојдневните обврски.
„Тоа е кога секојдневно имаме притисок и сила да останеме силни под притисокот. Кога имаме брн ауит потклекнуваме на силата на притисокот, со тек на време ќе се распаднеме и се чувствуваме скршени на 100 парчиња. Поентата е да применеме формули и алатки кои ќе ни помогнат да излеземе од „брн аут“ и сите форми на стрес,“ додава таа.
За разлка од траумата, Синановиќ потенцираше дека стресот е предвиддлива категорија, кога ќе се забележи тогаш се има власт над него.
Според нејзе, четири емоции произлегуваат од стресот грижа, страв, паника, анксиозност. Секоја од нив може да биде предвидена и лесно да се излезе од неа.

„Грижата е поврзана за иднината, но таа е хипотеза и непроверен факт, од неа произлегува стравот. Но и во најлошото сценарио не сме беспомошни.
Во паника дишете длабоко, за да го повратите нервниот систем во нормала.
Анксиозноста е прашање за компетенција, таа не уверува дека сме неспособни, не знаеме, нема да можеме да завршиме одредена работа. Кај анксиозноста не е фокусот што треба да се случи, затоа треба да се запрашаме кои вештини да ги развивам за да излезам од оваа состојба.
Важно кај стресот е да се забележи. Лимитирај што е вишок, а се однесува на стресот. Учете вештини да го совладате стресот. 24 часа вршите мониторинг врз себе, на телото, мислите и емоциите и низ емоциите и состојбата да го го прпеознаете стресот. Применувајте три L (Limit, Learn, Listen) во справување со стресот.
Се може да се контролира, освен по некој земјотрес кој доаѓа изненадно,“ заврши Синановиќ.
Мислиме дека носиме одлуки рационално, но не
Директорот на истражувања за Milward Brown Акан Абдулa на предавањето зборуваше за победата на потсвеста и стравовите на патот спрема балансот.
Главното прашање кое тој го постави е како мозокот работи, како одлучува и дали во однесувањето сме рационални, емоционални, колку се ефективни свеста и потсвеста.
„Ако со операција на мозкот се оштети емоционалната интелигенција, нема да може да се донесе рационална одлука. Емоционалниот и рационалниот мозок немаат иста сила. Основа на се е емоционалниот мозок. Емоцијата е основата, а рационалноста е софтверот. Голем дел од одлуките и однесувањата се базираат на емоционалниот мозок, но општествените норми учат поинаку.
Мораш да бидеш рационален, паметен, професионален. Не сме рационални, ние сме емоционални суштества и емоциите лежат во основата на сите одлуки.Емоционалната интелигенци е нешто што се вика автопилот.
За почеток треба да се прифати дека не сме логични суштества, туку дека одлуките ги носиме врз основа на емоциите, никогаш логиката не е главна иако така се чини. Ќе дадете рационален одговор зошто сте донеле одредена одлука, но никогаш нема да ги кажете вашите реални мотиви скриени во подсвеста и емоционалната интелигенција. Тие ги пополнуваат сите јазови во мозокот, на кои му недостасуваат соодветни информации.
90% од одлуките се донесуваат на потсвесно, емоционално ниво интуитивно и без напор. Само 5% на логика и рацио.
Автопилотите кај луѓето се силни и не сте свесни за причините зошто нештото го правите. Не знаеме што се случува во потсвеста, бидејќи тука е вплетена и биологијата. Автопилотите се брзи и интуитивни, не може да бидете сигурни за фактите.
Тие се менуваат, процесот е во правењето на мали чекори секој ден, иако мозокот ќе се буни бидејќи не сака да прави промени туку да продолжи со живот каков што има,“ изјави Абдула.
Докторката Амина Шета специјалист по интерна медицина, дијабетолог, нутриционист и доктор по медицински науки од областа на ендокринологијата и пореметување на организмот зборуваше за тоа како исхраната е моќна алатка за подобро ментално здравје и среќа.
Таа истакна дека 90% од хормонот сератонин се лачи во цревата не во мозокот, и делува на расположението и задоволството.
„Микрофлората во цревата е единствена кај секој човек и таа ги памти за цел живот емоциите, токсините, храната. Цревната флора е важна за физичко и психичко здравје и заштита од болести.Ако ги негуваме цревата, го негуваме и умот, ја зголемуваме нашата одбранбеност го зајакнуваме имунитетот, отпорни сме на стрес и успешно се справуваме со предизвиците во животот.
Стресот влијае на цревата, а со тоа и на менталната состојба. Кортизолот го ремети лачењето на другите хормони клои влијаат на метаболизмот на шеќери и масти во организмот.
Производите кои што ги јадеме може да ја трошат нашата витална енергија, при што останува малку енергија за нашиот имун систем. ГМО производите се слични на дрога, ви ја поттикнуваат желбата за повторно земање.
Големиот внес на овошје, зеленчук, цитруси, зелен лиснат зеленчук го зголемува оптимизмот и ја намалува депресијата,“ додаде таа.
Во однос на здравата цревна флора, преку која освен што ги негуваме цревата го негуваме и нашиот ум, Шета ја потенцираше важноста од конусмирање на пробиотици, кои ги има во јогуртот Баланс +, потоа храната богата со влакна, антиоксиданси, ензими, Омега 3 масни киселини како и ферментирани производи.
На конференцијата учествуваше и докторката Елиф Алтуг која го води центарот Code Lotus Mindfulnees во American Hospital во Истанбул. Таа истакна дека добрата работа е што стресот може да се спречи, и мора да знаеме малку повеќе за него.
„Живееме во изобиле на храна и облека, но нашите мозоци се во примитивни модуси за немање. Треба да бидеме свесни, а тоа е кога намерно обрнуваме внимание на сегашниот момент, мора да се вежба и практицира. Живееме во ера на многу информации но треба да разликуваме кои ни се потребни а кои не.
Најважно е, иако сите околу нас се полни со осуда, ние да не осудуваме, туку да бидеме внимателни и сочувствителни. Да ја сочуваме нашата љубопитност. Мислите си се мисли и не верувајте им на се што мислите. Емоциите доѓаат и заминуваат, третирајте ги чувствата добро. Пред психијатриската болница во Истанбул пишува, „the more you think, the more you became thinker,“ ова е голема порака,“ рече Алтуг.
Предавачите на своите интересни сесии, имаа и по неколку минути практични вежби, кои на присутните им презентираа техники за справување со стресот.

Фото: еМагазин.мк