Флексибилноста на работното време е она што го привлекло Теодор Ц. да се приклучи во Wolt. Но, она што го одржува неговиот ентузијазам додека ги крстосува скопските булевари во летните горештини е поддршката што ја добива од сервисот и одлична заработката. Теодор е дел од иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, која во Скопје изгради мрежа со многу задоволни доставувачи.
„Секој ден си во движење и на отворено. Иако поради природата на работата немаме многу можности за непосредна социјализација со колегите, никогаш не се чувствувам осамен. Напротив, секогаш сум ценет како дел од тимот на Wolt. Тоа чувство најмногу се истакнува кога ќе добијам навремена асистенција од Wolt Support за секое прашање. Едноставно дел си од една силна и функционална мрежа која вреднува сечиј труд“, ја започна својата приказна Теодор Ц.
Теодор ја започнува својата смена во утринските часови, кога градот допрва се буди, а мирисот на свежо печиво и кафе се шири низ улиците. Првата нарачка е веќе подготвена за преземање, а за него тоа е како прв чекор кон еден нов ден исполнет со движење и динамика. Секојдневно поминува по осум часа на платформата, каде се истакнува како одличен партнер-доставувач со исклучително позитивен пристап.
„Кога ја подигнувам првата нарачка, знам дека денот ќе биде различен од вчерашниот – секоја испорака носи и нешто ново – препознатливи улици со нови насмевки,“ вели тој.

Со мрежа на партнер-доставувачи во повеќе од 35 земји ширум светот, Wolt денес не е само сервис за испорака на храна, туку и симбол на модерната мобилност и поврзаност. Платформата лесно се вклопува во различни животни стилови. Сината торба дава флексибилност во работното време за студентите кои работат по часовите, но и за млади професионалци што заработуваат дополнително, родители кои вклопуваат смена додека децата се на училиште, па дури и луѓе со полно работно време кои ја ценат автономијата.
Компанијата која своето присуство во Македонија го воспостави пред неколку месеци брзо стана дел од секојдневието на илјадници семејства, нудејќи им квалитетна, брза и сигурна услуга.
„Кога ја доставувам нарачката, погледот на човекот кој ја прима кажува повеќе од илјада зборови – среќа и задоволство што нарачката е навреме пристигната, но и чувство на доверба. Тие моменти ме потсетуваат дека ние не доставуваме само храна. Ние доставуваме време – време што тие ќе го поминат со своите најблиски. Оваа конекција со луѓето е она што ме мотивира секој ден“, додава Теодор со насмевка.

За него, работата како партнер-доставувач не е само извор на приход, туку и можност за флексибилност и баланс. „Голема предност е можноста да го прилагодам распоредот на моите потреби. Ова ми овозможува да ги остварувам и другите професионални и лични ангажмани, а истовремено да бидам дел од професионален тим кој е препознатлив и во компанијата и надвор од неа“, објаснува Теодор.
Во компанија која става акцент на грижа за доставувачите, корисниците и фирмите партнери подеднакво, секој член на тимот има важна улога. Wolt постојано инвестира во подобрување на платформата, обука на тимовите за поддршка и воведување нови технологии за да го олесни секојдневието на своите доставувачи.
На крајот, кога го прашавме Теодор како на пријателите би го опишал своето искуство со Wolt, во една реченица, тој без двоумење одговори: „Професионална и навремена достава, брзо решавање на предизвици со поддршката на Wolt Support и можеби најважно, можност за одлична заработка.“
ПР-објава