Со воведни зборови на други обвинети денеска во затворот во Идризово продолжува судењето за трагедијата во Кочани.
Вчера воведни зборови имаа четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), и инспектор во ДЗС, двајца поранешни министри за економија, како и вработен во Министерството за економија.
Сите обвинети во случајот се изјаснија дека не се виновни.
Трагедијата во Кочани се случи на 16. март. Во пожар во т.н. дискотека “Пулс“ загинаа 63, а беа повредени над 200 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши не потпишал ниту една лиценца за „Пулс“, тврди неговата одбрана
Фото: Игор Бансколиев













