Сообраќајот кон Јажинце е нормализиран, пожарот е ставен под контрола

Патот до граничниот премин Јажинце кој што беше затворен поради пожар, е прооден а пожарот е ставен под контрола.

„Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните,“ велат од ЦУК.

Фото/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести